458
Цветанка Иванова, поранешен пратеник од СДСМ, е предложена за генерален секретар на Собранието на Република Македонија. Именувањето на Иванова денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на оваа Комисија се и именувањата на замениците на Генералниот секретар на Собранието, како и челнови на Комитетот за односи меѓу заедниците и други одлуки.