Во поплавена куќа во општина Јегуновце, во с. Сиричино има заглавено семејство, информира Центарот за управување со кризи.
Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување.
По повеќе од еден час насилно невреме во Тетово, дождот конечно престана, оставајќи зад себе големи последици. Тетовци, со помош на екипите од Противпожарната единица, започнаа со чистење на подрумите, гаражите и влезовите на куќите од надојдената вода.
Најмногу штети се регистрирани на неколку критични точки во градот, вклучувајќи ги и населбата спроти касарната, куќите во близина на текстилното училиште и подвозникот кон Скопје. Со оглед на тоа дека ова не е прв пат Тетово да се соочи со вакви настани, штетите од поплавите повторно се значителни.
Невремето направило големи штети и на земјоделските и овошните насади во Тетовскиот регион, но засега нема официјални информации колкави се тие.