ЦУК: Во моментов се активни пет пожари на отворено

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, во земјава биле регистрирани вкупно 42 пожари на отворено, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, во моментов се активни пет пожари, четири се под контрола, а 33 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод (село Тажево – село Брезница – крак кон Јасен), Општина Демир Хисар и Општина Охрид (Илинска Планина, село Базерник), Општина Охрид (Косел – Расино – Опеница – Вапила), Општина Богданци (место викано Погана кон Ветерниот парк Богданци) и Општина Пробиштип (село Зелениград – село Јамиште).

Под контрола, пак, се ставени пожарите кај кочанското село Пресека, светиниколско Патетино, Пласница и Латово кај Македонски Брод и кај селото Дулица во Македонска Каменица.

Поврзани новости