ЦУК: Во гасење на пожарот на Јакупица се вклучи и полициски хеликоптер со ведро од три тона

by Fokus

Центарот за управување со кризи објави видео од хеликоптерското извидување на пожарот на планината Јакупица над село Горна Вранешница, средина од просторот меѓу Чашка и Богомила.

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК изјави дека моментално екипа на ЈП Национални шуми се обидува да воспостави контрола над огнот.

„Поради зголемена опасност од навлегување на пожарот во квалитетна букова шума, за неколку минути кон пожарот над с. Горно Врановце, Општина Чашка, ќе полета хеликоптер на МВР со големо ведро од 3 тона. Се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри“, изјави Ангелов.

Поврзани новости