Изминатото деноноќие пожарникарите изгаснале 13 пожари на отворено во државава. Истовремено гаснеле и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Регионалниот ЦУК Скопје информирал за пет пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за три, РЦУК Велес за еден и Регионалниот ЦУК Штип за четири пријавени и изгаснати пожари на отворено.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
Од ЦУК соопштија дека во последното деноноќие имало вкупно 1.809 повици на 112, од коишто „реални“ повици биле 41,35 отсто, а 58,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,71 отсто, кон итната медицинска помош 27,82 отсто, а кон пожарникарите 8,06 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.