Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден во општина Сарај, кај месност ,Карпалак каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и уште еден во општина Гази Баба, во село Инџиково, каде гори ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Изгаснати се пожари во: два Општина Валандово: меѓу селата Удово и Марвинци, каде гореше лозје и ниска вегетација, потоа во село Пирава, каде гореше ниска вегетација и депонија, во Општина Илинден во село Дељадровце гореше стрниште, во село Бојане во Општина Сарај,гореше ниска вегетација, Општина Бутел во Љуботенски Пат, гореше ниска вегетација и ѓубре, во Општина Гази Баба во село .Инџиково гореше ниска вегетација, Општина Струга на граничен премин ,Ќафасан, гореше ниска вегетација, во Општина Дебар во село Селокуќи, опожрена ниска вегетација, два пожари во Општина Куманово во село Ваксинце гореше ниска вегетација, и спроти бензинска пумпа на Макпетрол на автопатот Скопје – Куманово во село Романовце гореше ниска вегетација, во Општина Гази Баба во село Смилковци запалени ниска вегетација и отпадоци и пожар на градската депонија во Општина Демир Хисар, информираат од ЦУК.