441
Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато.
„Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. Засега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до еден метар длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото“, информираа од ЦУК.