Попладнево стигна вонредна информација од РЦУК – Штип, според која пожарот Селце – Драгоево (Хаџи Реџепли ) на кракот Селце-шоуба (АБХО полигон) со зголмување на температурите и појава на ветар се разгорел, преминал преку гасоводот и се слуша пукање муниција.
Поради овие околности, прекинато е со негово гасење, затоа што е опасност за пожарникарите, а градоначалникот на Штип побарал дополнителна механизација за копање прекопи.
Имено, како што соопшти ЦУК, дошло до разгорување на овој пожар, а се префрлил и преку трасата на гастоводот. На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено прекун трасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на мониција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот.Од градоначалникот на град Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.
Дополнително ЦУК информира, дека од РЦУК – Тетово, јавиле дека пожарот кај селата Челопек и Милетино-Општина Брвеница е изгаснат на трите дела, а активен е уште на еден дел на кој интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила и градежна машина од ЈКП „Брвеница“ со пет вработени. Нема опасност од проширување и се очекува во скоро време пожарот да биде изгаснат.
Зафатена е поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица.
Причина за пожарот е човечки фактор односно палење остатоци од пожнеана пченица и јачмен. Вкупно интервенирале со три возила и осум пожарникари, багер од ЈКП Брвеница со 5 вработени, двајца полициски службеници како и градоначалникот на Општина Брвеница кој бил присутен на местото на настанот. Состојбата се следи.