ЦУК: Пријавени околу 40 поплавени објекти по обилните дождови во Виница

by fokus

Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти.

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

-Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, се наведува во иформацијата што ЦУК ја објави на Фејсбук.

Поврзани новости