514
Пожарот во атарот на село Требовле во попладневните часови се приближил до селото, соопштуваат од Центарот за упраување со кризи, од каде истакнуваат дека на терен сите сили се насочени со цел да се спречи ширењето на пожарот.
Пожарот беснее веќе четврти ден, а граѓаните на социјалните мрежи апелираат за помош од државата бидејќи, како што велат, самите се борат со пожарот, времето е екстремно жешко и огнот се шири многу брзо.
Од Центарот за управување со кризи велат дека во текот на денот во гасење на пожарот интервенирале екипи на ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ДЗС Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод, лица од месното население и 2 хеликоптери од АРМ.