ЦУК: Пожарот во Катланово е локализиран, пожарникарите остануваат на терен до целосно гасење на огнот

by Fokus

Центарот за управување со кризи информираше дека пожарот во Катланово, во кој горела ниско стеблеста шума е локализиран.

ЦУК објави дека на единствениот број за итни случаи 112 добиле известување за пожар во Катланово и веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“.

„Надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот. Според информациите на Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ горело нискостеблеста шума и сува трева. Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнително ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно„, соопшти ЦУК.

Поврзани новости