2
Пожарот што денеска избувна во магацин со хемикалии во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, е брзо локализиран и целосно изгаснат. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во ниту еден момент немало опасност од ширење на огнот кон останатите објекти на фабриката.
На терен интервенираа противпожарните екипи од Македонски Брод, кои со брза реакција спречија поголема материјална штета и потенцијална опасност за околината.
Пожарот е ставен под контрола, а електричната енергија во фабриката беше исклучена како мерка на претпазливост. За причините се очекуваат дополнителни информации од надлежните служби.