Регионалниот ЦУК Битола информира дека кај месноста „Ловечка куќа“ на планината Пелистер има починато лице (планинар).
Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје (со иницијали А.С.).
Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови, за истиот тим да го ангажираат и телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.
За подобра координација, од ЦУК е направен и контакт помеѓу дежурните лица во МВР-СВР Битола и ДЗС ПО Битола. Екипа на МВР треба да изврши увид. Инаку, местото каде што било пронајдено лицето било на околу 2.000 метри надморска височина.