ЦУК: Од 23 пожари, се уште се активни четири

by Fokus

Центарот за управување со кризи информира дека вчера на отворен простор имало вкупно 23 пожари, од кои четири се се уште активни.

Во Општина Македонски Брод, во атарот на село Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во Општина Велес, кај село Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума; во Општина Долнени, меѓу село Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај село Пухче ниска вегетација и шума.

 

Поврзани новости