144
Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во стан во зграда на шести кат на улица „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.
Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице, велат од ЦУК.
На терен излегле и екипи од Итна медицинска помош и од МВР.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со шест ПП возила.