Центарот за управување со кризи информира дека изминатото деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало вкупно 2.028 повици. Од нив „реални“ биле 60,06 отсто, а 39,94 проценти не биле итни. Кон Полиција биле упатени 67,16 отсто, кон Итната медицинска помош 19,82, кон пожарникарите 5,03, а кон АМСМ 0,30 проценти од реалните повици.
Според ЦУК, регистрирани се и четири пожари на отворено. Од 11,50 до 12,45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснела запалена ниска вегетација во атарот на с Могила (Општина Битола), во 16,20 до 19,20 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено ѓубре патот од Демир Хисар кон Струговско Езеро (Општина Демир Хисар), од 19,00 до 19,50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во с. Крупиште (Општина Чешиново Облешево) и од 15,50 до 17,30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило се гаснело запалено стрниште во атарите на селата Таринци и Карбинци (Општина Карбинци).
ЦУК ја пренесува и препораката на АМСМ, по патиштата да се вози со прилагодена брзина и да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, особено низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.