ЦУК: На бројот за итни случаи 112 се примаат околу 1.400 повици дневно

by fokus

Во периодот од 11.02 до 01.09.2022 година на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287.842 повици или во просек 1.425 повици дневно. Во месец февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) примени се 11.321 повици а просекот беше околу 629 повици дневно., информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Од 01.03.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на Македонија. Во месец Март примени се 55767 повици и просекот за март е 1799 повици дневно. Во месец Април примени се 42100 повици или во просек 1403 повици дневно. Во месец Мај примени се 44839 повици или во просек 1446 повици дневно.Во месец Јуни примени се 41759 повици или во просек 1392 повици дневно. Во месец Јули примени се 44467 повици или во просек 1434 повици дневно. Во месец Август примени се 47553 повици или во просек 1534 повици дневно, велта од ЦУК.

Поврзани новости