Комисија за утврдување на правилност во примената на стандардните оперативни процедури за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово и Куманово почна со работа, информираат од Центарот за управување со кризи.
Тоа, се вели во соопштението од ЦУК, е дел од преземените активности заради целосно расветлување на случајот на координацијата и давањето помош на медицинскиот тим во кратовско, којшто го спаси премрзнатиот сточар од село Емирица. Денеска пак стигна информацијата дека овчарот починал.
Комисијата, како што најави на вчерашната прес-конфернција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризи, за истите да бидат надминати во иднина.