Според утринските информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, вчера имало вкупно 19 пожари на отворено и сите се изгаснати од противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи.
Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од коишто 6 се догасени рано утрово, биле во:
– Општина Аеродром, три пожари, кај гробиштата во населба Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај село Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај улица „Вардарска“ (ниска вегетација);
– Општина Студеничани, село Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гази Баба: село Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума);
– Општина Сарај, село Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци);
– Општина Могила, село Беранци (ниска вегетација и стрниште) и село Чарлија (ниска вегетација);
– Општина Тетово, село Ѓермо (депонија);
– Општина Теарце, село Глоџи (депонија);
– Општина Прилеп, село Ерековци (ниска вегетација и стрниште) и кај Кај фабрика Донија (ниска вегетација)
– Општина Охрид, село Буково (депонија);
– Општина Дебарца, село Песочани (ниска вегетација);
– Општина Струга, село Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај село Белица (ниска вегетација)
– Општина Струмица: село Свидовица (ниска вегетација);
– Општина Желино, село Добарце (депонија) и во
– Општина Куманово, село Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).