2
Македонскиот кардиолог, планинарот – Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој стигна до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8.000 метри.
Сашко Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачи на Гашербрум I во Пакистан.
Со искачувањето на овој врв, висок 8.080 метри, стана и првиот Македонец кој ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри.
Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди.
Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување – тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти.