212
Катерина Цаневска ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје на претстојните локални избори, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче за „Слободен печат“.
-За носител на градската листа ја планираме госпоѓата Катерина Цаневска, којашто е искусен, прво човек, понатаму новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника, искусна во соработката со локалната власт и мислам дека е човек кој што има кредибилитет да излезе пред граѓаните со програмата – вели Филипче.
Инаку, Цаневска беше долгогодишна новинарка, а потоа беше одговорна за односи со јавност во Општина Центар кога градоначалник беше Андреј Жерновски, како и во кабинетот на експретседателот Стево Пендаровски.