210
Изминатото деноноќие имало два пожари на оворено и тие биле изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пожарникарските тимови во Општина Битола ги изгаснале пожарите кај село Лажани, каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште.
Од делот повици за итни случаи кон Полицијата биле упатени 55 отсто, кон Итната медицинска помош 37 проценти, а кон пожарникарите (ППЗ) 3 отсто.
Од ЦУК посочуваат дека во одредени случаи координираат итни ситуации и со институции од соседни и други земји бидејќи, како што велат, итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници.