ЦУК: Два ер-трактори го гаснат пожарот во Општина Долнени

by Fokus

Центарот за управување со кризи соопшти дека два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат на пожарот во Општина Долнени, кај селата Слепче и Гостиржани.

-Пожарот е поделен во два крака кои се движат кон густа и уредена шума на Велешка територија од едната страна и селото Црнилиште Прилепско на другата страна, соопшти ЦУК.

Како што претходно соопшти ЦУК противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни, од кои три во Прилеп и три во Битола.

Според ЦУК во Општина Битола има пожари кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација.

Во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација.

Поврзани новости