365
Центарот за управување со кризи извести дека во земјава ќе пристигне нова меѓународна помош за гаснење на пожарите.
Веќе пристигнал српскиот хеликоптер (Agusta Bell 212) кој утрово во 9.45 слетал на скопскиот аеродром.
Исто така Чешка ќе испрати хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од три тона, додека Германија ќе испрати два ер трактори (AT802/2), извести ЦУК.