ЦУК: Два активни пожари, гори во општините Чашка и Студеничани

by Fokus

Од вкупно 25 пожари на отворено во текот на изминатиот ден, два се се уште активни, два други се ставени под контрола, а изгаснат е 21 пожар.

Ова се информациите што утрово ги сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека се уште се активни пожарите во Општина Чашка, каде пожарот на планината Мукос, кај местото викано Котева Круша е изгаснат од дожд, а активен е кон селото Степаници и местото викано Кадиица на граница помеѓу Чашка и Општина Долнени.

„Активен е пожарот во Општина Студеничани, над селото Црвена Вода, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума“ – велат од ЦУК.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Кичево, кај селото Цер и во Општина Охрид, кај планинатат Галичица, кај местото викано Зли Дол. Пожарот на ресенска страна е изгаснат од дожд.

Изгаснати се пожарите во Општините Демир Хисар, кај Плакенска планина, два во Карпош, во Арачиново, Шуто Оризари, Чучер Сандево, во Илинден, Гостивар, Врапчиште, Брвеница, Радовиш, Македонски Брод, три во Струга, во Кичево, Ново Село, Старо Нагоричане, Штип, Берово и во Прилеп.

Поврзани новости