507
Центарот за управување со кризи до Главниот кризен штаб и до Министерството за здравство доставиле барање за два респиратора во општините Дебар и Центар Жупа, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку.
-Имаме конкретно барање што ние го доставивме до министерот за здравство, во Дебар и Центар Жупа се потребни респиратори, бидејќи во момент на влошување на состојбата на пациентите, ова е медицинско помагало кое во случај на животна опасност ќе ги спаси овие пациенти. Ако некој е тешко болен и му е потребен респиратор, ќе мора да се чека да се донесе респираторот од Скопје во Дебар, а тоа уште повеќе го доведува животот во опасност, рече Буџаку.