ЦУК: Активни се уште два пожари

by Fokus

Противпожарните тимови вчера интервенирале на 32 пожари, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК),.

Утрово се активни два пожара, во Општина Македонски Брод, кај село Белица месност „Аргулица“, каде е зафатена ретка борова шума на тешко пристапен терен и во Општина Боговиње, кај село Ново Село на локација со мешена шума и ниска вегетација.

Поврзани новости