Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово нема активен пожар на отворено.
Имало вкупно 10 пожари на отворено во државата, пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп имале четири (4) интервенции за гаснење пожари на отворено, а по една таква интервенција имале пожарникарите од ТППЕ Струмица, ТППЕ Радовиш, ТППЕ Куманово, РЦУК – Тетово и од Велес.
Инаку, ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 819 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,15 %, а 60,85% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,93%, кон Итната медицинска помош 30,17%, а кон пожарникарите 6,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 0,87% со другите 60,85% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 109 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.