Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,10%, а 36,90% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 52,24%, кон Итната медицинска помош 30,85%, а кон пожарникарите 0,50%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, имало 578 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (16,42%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(36,90%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Во ЦУК, вчера, имаше повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата.