Црвено знаменце ќе алармира на корупција во јавните набавки

by fokus

Нацрт текстот на новиот Закон за јавни набавки предвидува користење на црвени знамиња, со цел да се укаже дека некоа јавна набавка има индикации да биде коруптивна. Бирото за јавни набавки ќе прави контрола на тендерите, но не на секој оглас, туку на секој петти или десетти.

– Ќе воведеме таканаречен систем на „црвено знаменце“ кој ќе укажува на можна корупција за одредена јавна набавка. Бирото за јавни набавки ваквите јавни набавки ќе ги мониторира, а ќе мониторира и набавки кои ќе ги исфрли системот. Можно е тоа да биде петата или десетата јавна набавка – рече директорот на Бирото за јавни набавки, Ѓорѓи Георгиевски.

Цената во иднина нема да биде единствениот критериум за доделување на тендерот. Новиот Закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот.

-При тоа договорниот орган зависно од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот – рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Освен тоа се подигаат праговите со кои за јавни набавки мора да се распише тендер. Па ако за услуги над 500 евра мораше до сега да се распише тендер, во иднина без тендер ќе се спроведуваат јавни набавки за услуги до 1000 евра.

Министерот рече дека ова ќе биде олеснување за дел од институциите, градинките и училиштата.

 

 

 

 

Законот треба да биде усвоен од Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари следната година.

Поврзани новости