190
Неприфатлив e молкот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, смета пензионираниот политичар Тито Петковски, поранешен спикер и лидер на НСДП.
-Ако ништо друго, имаме Закон за претседател со кој тој доживотно е финансиски среден, има обезбедување, секретарка – вели Петковски во „Политиканти“.
Тој додаде дека Црвенковски се грижи веројатно само за себе, семејството и блиските другари и пријатели.
-Има можност за да седне да пишува, да организира тркалезни маси, да гостува по настани. Тој се одлучи да се затвори дома и да пати – рече Петковски.