Црвенковски „фатен“ во друштво на Горан Минчев и амбасадорот во САД

by vlatko 19:57
19:57

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, попладнево е фотографиран во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше партијата.

Заедно со нив, на фотографијата што ја објави „Инфомакс“ е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.

Црвенковски со години беше надвор од политиката и е далеку од очите на јавноста, но периодов неколкупати беше „фатен“ во друштво на актуелни функционери и политичари.

Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, а ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.

Слични вести