Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа во Вашингтон. Главна тема е војната во Украина и санкциите кон Русија што неодамна беа воведени за „Росњефт“ и „Гаспром“.
Орбан беше пречекан пред западното крило на Белата куќа каде срдечно се поздрави со Трамп. Новинарите веднаш го прашаа американскиот претседател дали ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, а Трамп кратко одговори: „Секогаш постои шанса.“
Од друга страна, Орбан има два цели на средбата со Трамп. Неодамна беше откажан состанокот меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, што би имало и политичко значење за Орбан, а Трамп и Орбан веднаш се упатија кон салата за состаноци.
-Причината зошто сме тука е да отвориме ново поглавје во билатералните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Унгарија – рече Трамп.
На неговите зборови се надоврза Орбан, кој изјави:
„Би сакале да разговараме за конкретни придонеси за да ви помогнеме во воспоставувањето мир“.
Потоа, Трамп зборуваше за исклучокот од американските санкции кон Русија за Унгарија, за што Орбан побара минатиот месец.
-Размислуваме за тоа. Многу е тешко за него (Орбан) да обезбеди нафта и гас од други места… Немaат море, немaт пристаништа, па се наоѓаат во проблем. Кога ќе видите што се случува со Европа, многу земји купуваат големи количества нафта и гас од Русија и тоа многу ги загрижува – објасни Трамп.