Црвен килим и овации за „Врба“ и Милчо Манчевски

by fokus

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Врба“ вечерва ја имаше македонската премиера. Голем број личности од јавниот живот продефилираа на црвениот килим за да го видат ново ремек-дело на македонскиот режисер.

По завршување на проекција, тимот на „Врба“ на чело со Мачевски беа поздравени со стоечки оваации и долг аплауз.

„Врба” е филм во кој се преплетуваат три приказни, една од средниот век, а другите две се современи.

„Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот. Тој свет може да биде реалистичен и денешен а може да биде средновековен или од друго минато време. Убаво е по десет години повторно да се работи дома“, изјави Манчевски претходно за филмот.

„Врба“ е во продукција на “Банана филм” и е македонско-унгарско белгиска копродукција.

Поврзани новости