„Црвен картон“ за кичевска компанија поради отстапки во квалитетот на мазут

by Fokus

Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за работа на компанијата „Евротим“ од Кичево, поради отстапки во квалитетот на мазут, утврдени при дополнителните анализи.

– Надлежните институции продолжуваат со постапувањата во врска со случајот за увоз на мазут и нафтени деривати. Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од склдот за мазут во Ресен, во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут, кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“, се наведува во соопштението на ДПИ.

Поврзани новости