515
Парламентот на Црна Гора денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Претседателот на црногорското Собрание Иван Брајовиќ им честиташе на Македонија и Грција за Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на повеќедеценискиот спор.
Тој нагласи дека двете држави со тоа му покажале на целиот регион, на Европа и на светот дека со мудро раководство е можно да се надминат повеќегодишни спорови.
-Верувам дека на Северна Македонија ќе и ја отвориме вратата на земјите, на кои Црна Гора веќе припаѓа. СД ќе гласа за овој закон, порача Брајовиќ.