330
Црногорската полиција во соработка со албанските колеги спречи шверц на марихуана, што едно лице ја прошверцувало преку Скадарско Езеро од Албанија во Црна Гора.
Дрогата пакувана во 97 пакетчиња, со вкупна тежина од 84 килограми била запленета во регионот на Збељ од страна на полицијата на градот Туз.
Според црногорската полиција нарко шверцерот кога ја забележал полицијата побегнал во правец на Албанија оставајќи ги торбите во кои била дрогата.
Полициите на двете земји работат на идентификација и апсење на „сопственикот“ на дрогата.