Црногорската министерка за европски прашања поднесе оставка

by Фокус

Потпретседателката на црногорската Влада и министерка за европски прашања со технички мандат, Јована Маровиќ, денеска поднесе оставка на функцијата.

Маровиќ ја информирала претседателката на црногорскиот Парламент, Данијела Ѓуровиќ за нејзината оставка, јави подгоричкиот весник „Вијести“.

Засега не се познати причините за оставката на Маровиќ.

Поврзани новости