Ново писмо испратено од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева навистина пристигнало во седиштето на СЈО. За „Фокус“ информацијата ја потврдуваат неколку обвинители. Едно од барањата на Јанева било парите од „црниот фонд“ да и се дадат за да ги плати трошоците за нејзина одбрана, како осомничена во „Рекет“.
Обвинителите се затекнати од барањето, бидејќи како што појаснуваат парите од фондот досега се користеле за свадби, прослави, незгоди…
-Фондот самите го полневме по наредба на Јанева и таа ги контролираше средствата, па затоа немам претстава колку пари се останати. Пари секој месец даваа од обвинител до последен вработен, вели еден од обвинителите.
Обвинителите секој месец издвојувале по 3.000 денари, а останатите вработени по 1.000 денари.
Поранешната шефица Јанева во текот на утрешниот ден пред обвинителката Вилма Русковска треба да даде исказ како осомничена во „Рекет“.
В.В.