785
Откако СДСМ го прозва Христијан Мицкоски дека втор ден молчи за фактот што САД на својата црна листа ги стави Никола Груевски и Сашо Мијалков, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека не се исклучува можноста оваа листа да се прошири со, како што велат, уште еден поранешен премиер и неговиот брат, алудирајќи на Зоран Заев и Вице Заев.
„СДСМ за власт и пари прават се, па дури и коалицираат со политичари кои се на црна листа на САД. Власта на СДСМ прави и бизнис со фирми кои се на црна листа на САД, и кои се анти НАТО“, соопштија од опозициската партија.