487
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека денеска се замрзнати 44 имоти на 34 руски државјани за кои претходно биле воведени санкции.
МВР во соопштението наведува дека денеска го направиле првиот чекор на линијата на стопроцентно усогласување на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.
Како што се објаснува во соопштението, за 44 недвижности Управата за катастар и државен имот донела соодветни решенија со кои на лицата им се ограничува располагањето со имотот во Црна Гора.
„Црна Гора решително ги исполнува обврските преземени со усвојувањето на Одлуката за воведување меѓународни рестриктивни мерки“, порачаа од црногорското МВР.