490
Владата на Црна Гора синоќа донесе нови мерки заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, меѓу кои ја вклучи и забраната за црковни литии.
На владиниот налог на Твитер синоќа беше соопштено дека верските собири се забранети на отворени места, освен во деловите што им припаѓаат на верските објекти.
Меѓу мерките воведени заради зголемувањето на бројот на активни случаи на коронавирус, кои, наводно биле увезувани од странство, а потоа се прошириле низ Црна Гора, е и забраната за политички митинзи на отворено место.
Владата, исто така, забрани присуство на гледачи на спортските настани, а погребите се дозволени само во близок круг на семејството.