Единствената земја во Европа каде се уште нема ниту еден официјално потврден случај на коронавирус е Црна Гора.
Минатата недела од Институтот за јавно здравје на Црна Гора потврдија дека 184 лица се наоѓаат под здравствено – санитарен надзор поради актуелниот вирус.
Според епидемиологот Божидарка Ракочевиќ, надзор се вршел од самото влегување на патниците во Црна Гора.
-Системот е чувствителен, затоа постојано се трудиме да го подобриме – изјави таа за РТЦГ.
Очигледно, заштитните мерки кои што ги превзема Црна Гора се ефективни, и до денес, кога бројот на заболени од коронавирус во светот се искачи на 111.753 лица, ова е единствената европска земја без ниту еден позитивен случај.
Според последните податоци, вирусот однесе 3.888 животи, а 62.722 лица се излекувале на светско ниво.
На прво место според бројот на заразени е Кина, потоа следуваат Јужна Кореја, Италија, Иран, Франција, Германија, Шпанија, Америка, Јапонија, Швајцарија, Холандија, Обединетото Кралство, Шведска, Белгија…
Вики Клинчарова