629
Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за животно партнерство на лица од ист пол.
За усвојување на Предлог-законот за истополово партнерство беа потребни 41 гласови „за“, а тој беше изгласан од 42 пратеници.
Организацијата ЛГБТИ Форум усвојувањето на законот го оцени како историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТИ лицата во Црна Гора.