394
Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода дојдоа до неофицијални податоци дека околу 40 лични карти на гласачи во Теарце им биле вратени во текот на денешниот ден на прегласување во избирачкото место 2011.
ЦИВИЛ веќе објави информации за изборни притисоци и поткуп на гласачи при што на дел од граѓанките и граѓаните им се одземале личните карти со цел да се влијае на излезноста, односно да се манипулира изборниот резултат од денешнотот прегласување.