428
Набљудувачите на Цивил – Центар за слобода, јавуваат за нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи. Референдумскиот ден изминува без сериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности, истакнува претседателот на организацијата Џабир Дерала.
„Овој ден ќе го запомниме по масовното кршење на изборниот молк и попречување на гласачите да ја изразат својата волја на референдумот“, рече Дерала.
Од Цивил забележуваат и дека на социјалните мрежи се врши груба кампања со стигматизација на тие што гласаат, со објавување на нивни фотографии. А имаат и сериозни забелешки поврзани со Избирачкиот список.