ЦИВИЛ: Насилието на полицијата е крајно алармантно!

by fokus

Од Центарот за слобода реагираа по вчерашната блокада на протестите на Шарената револуција и обвинуваат дека специјалците на МВР насилно ги спречиле демонстрантите  да го остварат правото на протест.

-ЦИВИЛ реагира на синоќешното насилство, кога специјалните единици на МВР со чадна бомба, со физички напад врз активисти, меѓу кои и врз еден од поекспонираните шарени револуцинери, Павле Богоевски, и со воден топ што во еден момент беше подготвен за користење, се обидоа да го „чуваат“ Министерството за финансии од своите сограѓани. А специјалците кои не беа зафатени со тепање демонстранти, ги снимаа и фотографираа учесниците во протестите!” – се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека примената на сила не е нова и директно е во судир со Уставот и меѓународното право со кои се гарантира правото на протест.

-Ова континуирано насилие на полицијата е неприфатливо и крајно алармантно!-се вели на крајот од соопштението.

 

 

 

Поврзани новости