471
Невладината ЦИВИЛ соопшти дека ги активира сите капацитети за мониторинг на изборниот процес, веднаш откако лидерите на четирите најголеми партии постигнаа договорот за одржување предвремени парламентарни избори на 11 декември.
„Исполнувањето на условите од политичкиот договор за надминување на политичката криза имаат повеќе формална природа, отколку суштинска. Факт е дека суштински реформи не се спроведуваат, а на теренот и во медиумите беснее валкана политичка
кампања. Злоупотребите, притисоците и политичката корупција не стивнуваат. Затоа, државата е исправена пред сериозни предизвици во претстојниот период“, соопштија од Цивил.