ЦИВИЛ – Центар за слобода утре ќе го набљудува и спроведувањето на референдумот во Дојран, по мониторингот на успешните референдуми во Гевгелија и Богданци.
На барање на граѓаните на Општина Дојран, на референдумот ќе се изјаснуваат дали се за или против изградбата на рудникот Казандол.
ЦИВИЛ е отворен за пријавите од граѓаните, како и прилозите на граѓанските новинари за можните нерегуларности во спроведување на референдумот.
Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности или преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.
Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн аликација достапна на граѓините во секое време да пријавуваат нерегуларности.