Невладината Цивил најостро ги осуди законски измени со кои се овозможува употреба на гумени куршуми и друго лесно оружје против демонстрантите.
„Имајќи во предвид оти овие законски мерки се носат во време кога на улиците демонстрираат илјадници граѓани против кршењето на човековите права, суспензијата на владеењето на правото и демократијата, тоа се сфаќа како закана од власта против оние кои сакаат да го искористат своето уставно право на протест. Пораката е јасна – ние сега ќе пукаме по вас, ако вие ги окупирате факултетите, ако ги блокирате улиците, ако демонстрирате против нас. Но, процесите кои се започнати во Македонија не можат да ги спречат ниту гумените куршуми ниту пак било каква насилна мерка“, соопштија од Цивил.
Од таму додаваат дека употребата на гумени куршуми одамна ја напуштиле демократските држави во светот.